Бесплатната монтажа во рок од 3 работни денови се однесува за стандардна монтажа.
Под стандардна монтажа се подразбира монтажа на сплит систем на клима уред со едно доаѓање кај клиентот,
монтажа на пристапно место, пробивање на 1 нормален ѕид, стандардни L или P држачи за надворешната единица,
со вклучени до 3 метри бакарна и кабелска инсталација за комуникација и конденз инсталација,
и до 2м напонски кабел од внатрешната единица до приклучок за струја.
Дополнителни информации:
-
Монтажа на непристапно место кое има потреба од скеле, корпа или кран не е стандардна монтажа
и трошоците се на сметка на клиентот. Исто важи и при сервис, демонтажа или ремонт.
-
Монтажа на кров на куќа или зграда може да бара дополнителен материјал, држачи или конструкција
и може да претставува дополнителен трошок.
-
Пробивање дупка во масивен бетон со железна арматура подебел од 25см не е дел од стандардната монтажа.
Исто важи и за пробивање на втор или трет ѕид.
-
Доколку е потребно доаѓање по втор или трет пат за да се заврши монтажата,
тоа се наплаќа дополнително.
-
Стандардните L или P држачи се вклучени во цената, но специјални држачи или метална конструкција
се дополнителен трошок.
-
Демонтажа на огради, кафези или други пречки за пристап до местото за монтажа
не е дел од стандардната монтажа.
-
Стандардната монтажа вклучува:
3м бакарна инсталација со изолација,
3м кабел за комуникација,
3м конденз црево,
2м напонски кабел.
Подолга инсталација се доплаќа според ценовник.
Демонтажа на постоечки клима уред е дополнителна услуга која се наплаќа според актуелен ценовник.
ВАЖНО!
Акцијата за стандардна монтажа во рок од 3 работни денови важи од понеделник до петок
во период од 08:00 до 15:00 часот и во поволни временски услови.
Денови со дожд, силен ветер или небезбедни услови не се сметаат во рокот.
Нестандардните монтажи кои бараат дополнителна подготовка исто не се вклучени во рокот.