Изјава за приватност
Оваа Изјава однесува на личните податоци и нивната довеливост како податоци, кој се собрани при процесот на нарачка на производ на Клиентите на интернет страницата klimi.mk, Изјавата е составен дел од Општите услови за работа на klimi.mk.
ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ како давател на услугите на интернет страницата klimi.mk, се придржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Клиенти односно Корисници, а особено на Законот за заштита на личните податоци. Во овој документ е опишано како контролорот на податоци ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ со седиште на адреса: ул Бел Камен бр.109, (во понатамошен текст klimi.mk) ги обработува личните податоци.
Се упатуваат Купувачите/клиентите на интернет страницата klimi.mk да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно и појасно да разберат кој податоци ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ ги собира и обработува и за која цел, врз база на кои законски основи, со кого и зошто ги споделува, кој заштитни мерки ги спроведува, како и кој се вашите права поврзани со пристапот до лични податоци, корекција, бришење и вашето право на приговор.
Секој Клиент или Корисник кој има било какви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати преку електронска пошта на следнава електронска адреса info@klimi.mk
Лице за заштита на личните податоци во ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ е Викторија Мишова, кое може да се контактира на следниот телефон: 043/550-650 или преку следната е-маил адреса: info@klimi.mk
Со селектирање на политиката за приватност корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци кои се утврдени со оваа Изјава.
Лични податоци кои се собираат и обработуваа од страна на klimi.mk веб страницата.
За време на нарачка од веб сајтот на klimi.mk на веб страницата, ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ, од Клиентот ќе побара обезбедување на одредени информации за себе како име и презиме, поштенска адреса (која е за контакт и не е задолжителна да е иста од лична карта), електронска адреса и телефонски број.
Klimi.mk ги собира и обработува личните податоци за Клиентот на интернет страницата klimi.mk поради набавка, достава на нарачаниот производ како и за идна комуникација со клиентот, можни законски процедури поврзани со реализација на договорот.
Клиентот со внесување на неговите податоци и потврдување (кликнување) за прифаќање на Општите услови на работа и оваа Изјава за приватност, стапува во договорна врска која е основ за купување на производи и услуги по избор на клиентот на интернет страницата klimi.mk, а која е содржана во Општите услови на работа. Обработката на овие лични податоци е легална затоа што се преземаат активностите на барање на Клиентот со цел да се реализира набавка на производи и услуги нарачани од Клиентот, како и склучениот договор во кој е Клиентот е купувач. Корисникот може да ја повлече согласноста за известувања во било кое време со испраќање на електронска пошта на Офицерот за заштита на личните податоци info@klimi.mk
Со кои приматели ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ ги споделува личните податоци?
ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ нема да ги споделува личните податоци на Клиентот или Корисникот со други страни, освен во ситуација кога тоа го бараат правните регулативи.
ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ при барање на реализирање на договорот за купување на производи или услуги нарачани од Клиентот, ќе ги сподели личните податоци на Клиентот со:
1. Давателите на услуги за дистрибуција на стока со кој има постојан договор за соработка и за таа цел да исполнуваат нарачки, да испорачуваат пакети, да испраќаат пошта и електронска пошта.
2. Давателите на услуги во овластен сервис во случај Клиентот да поднесе жалба, рекламација за производот и доколку е потребна проверка на производ или да побара сервисирање на производот кој го купил, се со цел да може да ја реализира услугата за поправка, сервисирање или проверка на производот од страна на овластениот сервис.
Обработка на личните податоци за време на процесот на плаќање со картичка (дебитна/кредитна)
ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ за време на плаќање на интернет страницата на klimi.mk, како услов за плаќање на производите и услугите со кредитни или дебитни картички, бара дозвола од Клиентот да го активира процесот на плаќање преку компанијата Интернационален картичен систем АД Скопје (Casys.com.mk), бул. Кузман Јосифовски – Питу бр. 1, давател на услуги за процесирање и наплата преку (кредитни или дебитни) картички, договорен партнер на klimi.mk и Обработувач на личните податоци. За таа цел, личните податоци на Клиентот (име и презиме на Клиентот и податоците од картичката на Клиентот) се привремено зачувани кај Интернационален картичен систем АД Скопје, кој ги чува овие податоци во согласност со сертификацијата за PCI DSS, највисоко ниво на заштита и доверливост. Клиентот го активира процесот на обработка и плаќање преку картичка со потврда (кликнување) на линкот "плати".
ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ Скопје во ниту еден момент не располага, не ги собира или обработува личните податоци внесени заради процесирање и наплата со картичка. Ги советуваме Клиентите да се информираат за обработката на личните податоци од страната на Интернационален картичен систем АД Скопје на интернет страницата на која се одвива процесот за плаќање или преку следниот контакт contact@casys.com.mk
Рок на чување на личните податоци
ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ ги чува личните податоци на Клиентите кои се регистрирани на интернет страницата klimi.mk во период додека се постигне целта за обработка.
Бришење на лични податоци
Клиентот и Корисникот имаат право во секое време да побараат бришење на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. Клиентот тоа може да го оствари со испраќање на електронска порака на електронската адреса на Офицерот за заштита на лични податоци односно до е-маил адресата: info@klimi.mk податоците ќе бидат избришани во рок од 30 дена.
Доколку и покрај сите преземени мерки за заштита на личните податоци, сметате дека имате основ за приговор, контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на е-маил адреса: info@klimi.mk. Дополнително имате дека имате право и да поднесете пријава до надлежниот орган.
Сигурносни мерки за заштита на личните податоци
Собраните податоци се во електронска форма и се заштитени со SSL сертификат кој ги енкриптира податоците и со тоа се обезбедува комуникацијата помеѓу компјутерот на Клиентот или Корисникот и klimi.mk да се одвива преку безбеден протокол. Klimi.mk сериозно ја сфаќа заштитата на податоците и превзема различни мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци.
Измени за Изјавата за приватност
Оваа Изјава за приватност на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ, може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст на Изјавата за приватност на интернет страницата klimi.mk. Затоа klimi.mk ги советува Клиентите и Корисниците периодично да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност, што ќе укаже на нови промени, доколку ги има.
Правила за управување со „колачиња“
Колачињата и другите технологии за следење можат да се користат на интернет страницата klimi.mk на различни начини.
Колаче (eng. Cookie) е податок со мала големина што интернет страницата ја складира на компјутерот или мобилниот уред на посетителот. Колачето овозможува интернет страницата да ги „запомни“ постапките на посетителите од претходните посети. Повеќето прелистувачи дозволуваат употреба на колачиња, но корисникот може да ги избрише во секое време или да постави забрана за чување во својот пребарувач. Најчестите причини за користење на колачиња се: идентификување на посетители, запомнување на специфични кориснички преференци, помагање во внесување на информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, собирање податоци за анализа и промотивни кампањи.
Колачињата може да се класифицираат како:
Привремени колачиња (Session cookies) - Колачиња за сесии - се зачувуваат на вашиот компјутер и потоа автоматски се бришат кога ќе го затворите пребарувачот. Тие овозможуваат интернет страницата да добие привремени информации, како што се коментари или статус на кошничката за купување.
Трајни колачи (Persistent cookies) - Тие остануваат во вашиот пребарувач дури и по затворање и обично имаат датум на истекување. Klimi.mk користи постојани колачиња за да го олесни пристапот на корисниците.
Колачиња од прва страна - тие доаѓаат од интернет страницата што сте ја посетиле и можат да бидат привремени или трајни. Тие им овозможуваат на интернет страниците да ги зачувуваат податоците користени кога корисникот повторно ја посетува интернет страницата. Колачиња од трета страна - Постојат неколку надворешни сервиси кои складираат ограничени колачиња за корисникот (Facebook, Instagram, Google Analytics и AdWords).
Овие колачиња не се поставени од страна на klimi.mk и најчесто служат како помош при толкување на однесувањето на корисникот и за маркетинг цели.
Во поставките на пребарувачот, како што се Internet Explorer, Safari, Firefox или Chrome, можете да наведете кои колачиња сакате да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Каде можете да ги најдете поставките, зависи од типот на пребарувачот. Користете ја опцијата „помош“ во пребарувачот за да ги пронајдете потребните поставки.
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ