ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И УПРАВУВАЊЕ НА УСЛУГИ

Наша Мисија: Обезбедување на квалитет и задоволство кај клиентите, зголемување на пласманот на производи на пазарот и создавање на професионална и успешна приказна зад себе.
Наша Визија: Прв стабилен и професионален избор на нашите клиенти
Наши вредности: Врвна квалитетна услуга, работа со реномирани брендови, постојан раст на пазарот и тимска работа.
Со цел остварување на својата Мисија и Визија, Тим Корпорејшн се стреми кон реализација и почитување на следните постулати:

  • Создавање на ефикасна, ефективна реализација на барањата на корисниците преку воведување, оддржување и постојано подобрување на Систем за управување со услуги (SMS) и Системот за менаџмент со квалитет;
  • Примена на законската легислатива, задоволување на барањата на стандардите ISO 20000-1:2018 и ISO 9001:2015 и постојано подобрување на квалитетот на работните процеси и услугите кон нашите корисници;
  • Континуирано следење на новите трендови и промени на пазарот , како и оспособување и тренинг на вработените за зголемување на компетентноста, квалитетот и брзината на услугите кои ги нудиме;
  • Управување со проблемите и инцидентите преку дијагностицирање на суштинските причини за нивна појава, како секојдневен процес при што се обновува нормалното ниво на услуги со минимално влијание на работните процеси;
  • Постојано подобрување на Системот за обезбедување квалитет на ИТ услуги и ефективно управување со сите промени преку следење и имплементација на нови технологии, методологии и стандарди;
  • Фокусирање кон корисникот, подобрување на квалитетот на услугата и работа со веќе докажани брендови, како и брзо и навремено реагирање за отстранување на проблем/дефект.